Роналдо упати порака која собра пет милиони реакции за четири часа

Кристијано Роналдо е еден од многумината кои јавно изразича сочувство поради смртта на Кралицата Елизабета Втора. Португалецот кој светската слава ја направи играјќи за Манчестер јунајтед, по повеќе од една деценија играше во Шпанија и Италија, повторно се врати во англискиот гигант.

„Седум години од мојата кариера ја поминав во Премиер лигата, што значи дека ова е моја осма сезона во Англија. Во текот на сите овие години чувствував бескрајна љубов кон Обединетото Кралство, кон Кралицата и знам колку нејзиново Височество беше важна за британскиот народ. Давам почит и жалам за ненадоместливата загуба на земјата која јас научив да ја викам „дома“. Моите мисли и молитви се со Кралското семејство“, беше пораката од Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести