Нова лига, истиот стар добар Кристијано Роналдо, е една од реакциите на социјалните мрежи за португалскиот ас, кој одлично се снајде и во Јувентус, како што и претходно немилосрдно погодуваше во Спортинг, Манчестер јунајтед и во Реал Мадрид.
И успева да урива рекорди, па со голот од пенал против Торино, стана првиот играч на Јувентус што успеал да наниже серија од погодоци на шест меча по ред на гостински терен.
Во 21. век досега немало таков подвиг на фудбалер во „црно-белиот“ дрес на Јувентус. Роналдо ќе биде запишан во клупските книги на „старата дама“ и како играч што го постигнал петилјадиттиот гол за најтрофејниот италијански клуб.
По само 16 натпревари за Јувентус во Серија А, Португалецот е прв стрелец на клубот сезонава, со 11 погодоци и има пет асистенции, а на вкупно 20 мечеви во сите натпреварувања веќе има 12 гола и шест успешни додавања до соиграчите, по кои е постигнат погодок.