12.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Роналдо урна рекорд во светските квалификации, Англија веќе е на Мундијалот (Видео)

Вечниот Кристијано Роналдо постигна два гола во ремито на Португалија од 2-2 против Унгарија, урна нов рекорд и стана најдобар стрелец во историјата на светските квалификации.

Унгарците поведоа со голот на Шалаи, но Роналдо израмни во 22-рата минута, а потоа се погрижи за пресврт во 45-тата минута од мечот. Португалците беа на чекор до пласман на СП 2026, но ќе почекаат за конечна мундијалска виза затоа што Унгарија израмни пред крајот, со голот на Доминик Шобослаи во 91-вата минута.

Англија се пласира на Светското првенство откако ја совлада Летонија на гости со 0-5. Гордон ја отвори серијата голови, продолжи Хари Кејн со два гола, Летонците постигнаа еден автогол, а во листата се запиша и Езе.

Шпанија ја победи Бугарија со 4-0, Турците славеа против Грузија со 4-1, а Италија стигна уште до една победа под раководство на Гатузо славејќи против Израел со 3-0.

Србите примија гол од половина терен на гости кај Андора, но на крајот победија со 1-3. Ирска со 1-0 триумфираше против Ерменија.

- Оглас -

Најнови вести