25.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Роналдо уште верува дека овој Манчестер јунајтед може да донесе многу радости

Кристијано Роналдо ја имаше една од најлошите сезони во кариерата откако не се израдува на ниту еден трофеј со Манчестер јунајтед. Иако клубот имаше разочарувачки резултати, Роналдо верува во силата на Манчестер јунајтед и најавува дека следната сезона ќе биде подобро.

„Верувам дека Јунајтед ќе се врати таму каде што припаѓа. Како што реков и претходно, потребно е време, но и понатаму верувам во овој тим. Рекордите доаѓаат по природен пат. Јас не ги следам рекордите, тие ме следат мене. И понатаму имам мотивација за игра. Треба да продолжам напорно да тренирам. И понатаму ја имам истата страст за игра“, вели Роналдо.

Португалецот е восхитен од страста со која навиваат на „Олд Трафорд“ и како навивачите го бодрат својот омилен клуб.

„Навивачите на Јунајтед се неверојатни. Дури и кога губиме мечеви, тие остануваат со нас и ни даваат поддршка. Навивачите засекогаш ќе бидат во моето срце“, додаде Кристијано.

- Оглас -

Најнови вести