29.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Роналдо утре нема да дебитира за Ал-Наср, причината е еден негов инцидент во Англија!

Иако многумина со нетрпение го очекуваа утрешниот ден поради најавеното деби на Кристијано Роналдо за Ал-Наср, сепак тоа нема да се случи.

Се покажа дека Роналдо нема право на настап поради суспензија која му беше изречена кон крајот на ноември, додека играше за Манчестер јунајтед. Роналдо направи инцидент во октомври, кога му искрши мобилен телефон на навивач на Евертон, а месец и пол подоцна му беше изречена забрана за настап на два лигашки меча, па поради СП и раскинот со Манчестер, немаше кога да ја одлежи.

Според правилата на ФИФА, суспензите за неспортски однос од ваков тип се однесуваат на која било лига во светот.

Ова значи дека Кристијано нема да игра на наредните два меча за Ал-Наср, утрешниот и дербито со вториот Ал-Шабаб, и најрано ќе може да дебитира на 21 јануари, кога неговиот тим игра против Ал-Етифак, екипата на Дарко Велковски.

- Оглас -

Најнови вести