Блез Матуиди е вториот играч на Јувентус кој е позитивен на Коронавирусот откако претходно се потврди дека Даниеле Ругани е заразен, па затоа Кристијано Роналдо веќе извесно време се наоѓа во родниот град Мадеира во Португалија.
Мегаѕвездата на Старата дама сè уште е во домашна изолација, ужива во луксузот кој го поседува, а слободното време го користи да се сонча покрај базенот. Во меѓувреме, неговата девојка Георгина е видена низ улиците во Мадеира како ги извршува своите обврски, односно пазарува намирници за дома.