Роналдо вчера велеше дека никогаш не се натпреварувал да има повеќе Златни топки, но на едно видео го вели спротивното

Кристијано Роналдо заврши дури на шестото место во последното рангирање на „Франс фудбал“ во изборот за најдобар фудбалер во светот. Тоа е првпат по 2010 година Роналдо да не е во Топ 5 играчите.

Непосредно пред синоќешното крунисување на Лионел Меси за најдобар, Роналдо преку социјалните мрежи издаде соопштение во кое ги демантира тврдењата на главниот уредник на „Франс фудбал“, Паскал Фере. Португалецот кој има пет Златни топки напиша дека никогаш не се натпреварувал за да има што е можно повеќе Златни топки и дека тоа не е негова примарна цел.

Роналдо има пет Златни топки, а Меси синоќа стигна до седмата ваква награда, па речиси е невозможно Португалецот да го стигне големиот ривал.

„Кој рекорд најмногу би сакал да го имам? Би сакал да имам најмногу Златни топки во историјата на фудбалот. Тоа го сакам и мислам дека го заслужувам. Меси е одличен фудбалер и човек, но јас мислам дека морам да има шест или седум златни топки. Морам да имам повеќе Златни топки од него“, рече Роналдо во интервјуто кое го има дадено во 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести