Кристијано Роналдо веќе подолго време го држи рекордот за најдобар голгетер во Лигата на шампиони. Мечевите од елитната лига на УЕФА се посебен мотив за Португалецот. Роналдо вечерва ќе биде во стартниот тим на Јувентус кој пред своите навивачи ќе игра против Локомотив Москва.
Старата дама има четири бода од два меча и со нов триумф ќе биде чекор поблиску до влез во нокаут фазата во елитната лига. Роналдо има шанса вечерва да постави нов рекорд во ЛШ. Доколку успее да погоди против Локомотив Москва, рускиот тим ќе биде 34-ти против кој Кристијано успеал да погоди во Лигата на шампиони. Засега Роналдо има погодоци против 33 различни клубови во ЛШ, колку што има и легендата на Реал Мадрид, Раул.
Португалецот досега има дадено 130 голови во ова натпреварување, од кои 66 му се во групната фаза. Одбраната на Локомотив Москва е под голем притисок дали ќе успее да се одбрани од Роналдо.
Cristiano Ronaldo could set another new record this evening, surpassing Raul as the only player to have scored against 34 different Champions League clubs https://t.co/jt20TF6IAG #JuveLokomotiv #UCL #JuveLoko #CR7 #Juventus pic.twitter.com/OhII9wsBvy
— footballitalia (@footballitalia) October 22, 2019