Роналдо вечерва нема да игра за Јувентус!
Старата дама без првата ѕвезда ќе брка место во полуфиналето од Купот на Италија.

Италијанскиот првак Јувентус вечерва игра против СПАЛ во четвртфиналето од Купот на Италија. Старата дама е апсолутен фаворит, па тренерот Андреа Пирло одлучи дека нема да има потреба од најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо.
Португалецот е изоставен од составот за средбата против единствениот второлигаш кој остана во Купот. Освен Роналдо, ќе го нема ни Пауло Дибала, кој е повреден, па во нападот на торинскиот гигант најистурен ќе биде Алваро Мората. Во составот на Јувентус се враќа и Алекс Сандро, кој го победи корона-вирусот.
Во шесте одиграни меѓусебни дуели Јувентус има четири победи, СПАЛ се радувал еднаш, а еден меч завршил без победник.
#! ⚪️⚫️#CoppaItalia #FinoAllaFine #ForzaJuve pic.twitter.com/E3AZWO8pQf
— JuventusFC (@juventusfcen) January 27, 2021