Роналдо веќе една и пол година не игра во Шпанија, а Меси дури сега го стигна

Лионел Меси уште еднаш покажа дека е вистински феномен, постигнувајќи три гола за Барселона во победата против Селта Виго. Аргентинецот прво погоди од пенал, а потоа следуваше вистинско шоу. Два гола Меси даде од слободен удар и двата беа вистински ремик дела, кои може да ги погледнете ТУКА.

Со комплетирање на овој хет-трик, Меси стигна до 34-тиот хет-трик во шпанското првенство. Со овој биланс Меси се израмни со Кристијано Роналдо, кој е застанат токму на бројката од 34 хет-трик погодоци во Примера дивисион.

Со оглед на тоа дека Роналдо пред една и пол година си замина од Реал Мадрид и сега е член на Јувентус, Португалецот нема да има шанси да се трка со Меси, а на Аргентинецот сега му фали само уште еден хет-трик па да ги помине Роналдо во оваа категорија во Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести