32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Роналдо одговори на шпекулациите: Време е за тишина, не може никој да си игра со моето име (Фото)

Кристијано Роналдо на интересен начин со фотографија на „Инстаграм“ и објаснување под неа ги демантира сите шпекулации за негово заминување од Јувентус.

Денеска особено интересна беше најавата дека ќе се врати во Реал Мадрид, а претходно беше објавено дека ќе оди во Манчестер сити или во Пари Сен Жермен.

Роналдо, како и Карло Анчелоти, речиси истовремено ја демантираа шпекулацијата дека Португалецот ќе се врати во Реал Мадрид.

„Мојата приказна во Реал Мадрид веќе е напишана и снимена. Со дела на терен, со зборови, со пехари и титули, записи, наслови… Се наоѓа во музејот на „Бернабеу“ и секако е во меморијата на навивачите на Реал. Го почитувам клубот, знам дека искрените навивачи на клубот ме сакаат, исто како што се и моите чувства кон нив и Реал. Сега морам да ја прекинам тишината и да им кажам на луѓето дека не можат да си поигруваат со моето име. Останувам фокусиран на кариерата и на сите фудбалски предизвици. Сè останато се само шпекулации“, напиша Роналдо на „Инстаграм’.

 

 

- Оглас -

Најнови вести