Кристијано Роналдо е подготвен присилно да го добие посакуваниот трансфер надвор од Манчестер јунајтед. На неговото барање да биде продаден, управата му одговори дека клубот нема намера да го пушти својот најдобар фудбалер.
Поради тоа, Роналдо реши да не се појави на првиот тимски собир, со изјаснување дека ќе доцни на подготовките поради семејни причини. Клубот го прифати неговото оправдување за отсуство, но очигледно е дека врши притисок за трансфер.
Новиот тренер Тен Хаг се изјасни дека сака да го задржи Роналдо во своите редови како лидер на екипата. Сепак, се остава простор за сценарио во кое Црвените ѓаволи ќе играат без клупската легенда, па веќе се разгледуваат опции како потенцијални замени за Кристијано.