Роналдо влезе и го спаси Јуве од прв пораз во Серија А

Јувентус остана непоразен и по 18 меча во Серија А откако денес ремизираше со Аталанта при конечни 2-2 на „Бергамо“. За италијанскиот првак ова е само второ реми во првенството, но избраниците на Макс Алегри беа блиску до прв пораз сезонава.

Гостите поведоа само по две минути игра откако Џимсити си постигна комичен автогол. Аталанта успеа уште во првиот дел да израмни, а Запата во 24-тата минута го постигна својот осми гол во шампионатот. Јуве остана со играч помалку на теренот непосредно по почетокот на второто полувреме, Бентанкур доби втор жолт картон и го остави својот тим на цедило.

Домаќините го искористија тоа, па во 56-тата минута Запата одново го совлада Шченсни. Алегри веднаш реагираше, па во игра ги стави Пјаниќ и Роналдо, а токму тие двајца влијаеја врз израмнувачкиот гол. Се играше 78-мата минута кога Босанецот изведе корнер, Манџукиќ ја спушти топката во петерецот, а Роналдо имаше лесна задача.

 

Дуелот меѓу браќата Инзаги, кои се предводници на Болоња, односно Лацио, заврши во корист на Симоне со конечни 2-0. „Лацијалите“ освоија сигурни три бода на гостувањето кај Болоња, а победата ја донесоа Луис Фелипе (30‘) и Сенад Лулиќ (90‘).

Тимот од Рим постепено ја враќа формата, запишувајќи го вториот триумф во низа во италијаскиот шампионат за освојување на 31 бода. Болоња останува во зоната за испаѓање само со 13 бода по 18 средби.

Џенова загуби со минимални 1-0 на гости кај Калјари, а капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, остана на клупата. Мечот го реши Фаријас во третата минута од судиското надополување во првото полувереме. Џенова го запиша вкупно деветтиот пораз, па со 19 бода е на 14-тото место, додека Калјари токму со овој триумф застана едно место погоре од Џенова со 20 бода.

Резултати 18. коло Серија А:

Аталанта – Јувентис 2-2

Болоња – Лацио 0-2

Калјари – Џенова 1-0

Фиорентина – Парма 0-1

Сампдорија 2-0 Киево

- Оглас -

Најнови вести