9.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Роналдо во 2027 ќе стави крај на кариерата?

Португалскиот ас Кристијано Роналдо многу лесно би можело да ја заврши играчката кариера кога во летото 2027 година ќе му истече договорот со Ал-Наср. Првиот негов чекор по ова би можел и понатаму да биде поврзан со саудиската лига, но во сопственичка улога. Се споменува дека би можел да го зголеми уделот што веќе го има, а кој се наведува дека изнесува 15 проценти.

Роналдо сигурно ќе ја предводи репрезентацијата на Португалија на Светското првенство, а потоа ќе одигра и уште сезона во Ал-Наср со намера да постигне фантастични 1.000 гола во кариерата. Веќе има 960, а познавајќи го менталитетот на Роналдо, дефинитивно ќе стори сѐ за да го оствари и тоа неверојатно постигнување.

По ова се очекува да стави крај на блескавата кариера, но и веднаш да направи голем чекор и да биде еден од сопствениците и главните промотори на Саудиската Про лига.

- Оглас -

Најнови вести