Роналдо во Ал-Наср ќе добие друштво од Премиер лигата

Саудискиот тим Ал-Наср, по Кристијано Роналдо, со кого го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, одлучи да го ангажира и еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, Вилфрид Заха.

Заха веќе неколку години е најдобар фубалер на Кристал палас и еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, но не успеа да направи трансфер во една од најголемите англиски екипи.

Како млад играч потпиша за Манчестер јунајтед, но не се снајде и само по една полусезона, беше вратен во Кристал палас. Оттогаш Заха редовно е најдобар стрелец на Кристал палас, а на крајот од сезоната му истекува договорот, се очекува да ја прифати богатата понуда на Ал-Наср и да заигра заедно со Роналдо во нападот.

Освен Заха, челниците на Ал-Наср сакаат да го ангажираат и капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, кому налето исто така му истекува договорот. Шпанските медиуми шпекулираат дека понудата за Бускетс ќе изнесува 20 милиони долари годишно.

- Оглас -

Најнови вести