На десетина дена пред излегувањето на книгата „Меси против Роналдо: Едно ривалство, двајца најдобри во историјата“, почнаа да излегуваат делови од книгата поради кои фановите на Португалецот ќе сакаат да го купат ова дело.
Роналдо се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и иако има 37 години, тој сè уште не размислува да стави крај на кариерата и за неговите критичари има еден адут што постојано го носи во џебот.
Таблоидот „Сан“ открива дел од книгата во кој зборува кондицискиот тренер на Спортинг Лисабон, Карлос Бруно.
Бруно објаснува дека за време на подготовките во Реал Мадрид пред неколку години започнала дискусија за тоа кој е подобар фудбалер, Роналдо или Меси. Во тие моменти, Португалецот, кој тогаш бил член на Кралскиот клуб, од џебот извадил парче хартија и одлучил на сите да им покаже што пишува на него.
„Извади парче хартија од џебот на кои беа напишани сите негови достигнувања во кариерата. Сè што освоил со клубовите, но и на индивидуален план. Кога го покажа тоа, кратко рече: Не е лошо, зарем не?! Тоа не е ништо ново за него, само му претставува дополнителна мотивација и поради тоа направи толку големи работи во кариерата“, открива Бруно во книгата.
Роналдо во својата кариера освои пет Златни топки за најдобар фудбалер на светот и повеќе од него има само Лионел Меси, и тоа седум.