Роналдо во Ријад ќе ужива во невиден луксуз: Ќе има на располагање приватен трговски центар, супермаркет, ресторани…

Португалецот Кристијано Роналдо на првиот ден од Новата година го потпиша најскапиот договор во историјата на фудбалот и се пресели во саудискиот тим Ал Наср од кого ќе заработи половина милијарда долари, а згора на тоа во Ријад ќе ужива во невиден луксуз и сето тоа ќе му го покрие клубот, спонзорите или државата.

Земјата која е позната по строгите шеријатски закони, каде мажот не може да живее заедно со жена доколку не му е сопруга, одлучи да прекрши дел од овие закони само поради Роналдо кој со својата девојка (не му е сопруга) Георгина ќе ужива во невиден луксуз во Ријад.

Саудиските власти одлучија да му дозволат на Роналдо да живее заедно со Георгина и тие на користење добија лускузна вила вредна 14 милиони евра која се наоѓа во елитниот кварт во Ријад кој е изграден само за богаташите од Запад и во кој не важат шеријатските закони.

Но, тоа е само почеток на бизарните привилегии што ќе ги имаат Роналдо, Георгина и децата. Тие ќе добијат ексклузивна вооружена заштита, која ќе се грижи за нив 24 часа на ден, 365 дена во годината, а тоа го плаќаат неговиот клуб Ал Наср и државата.
Роналдо од Ал Наср доби на користење и пет луксузни автомобили.

Неговото семејство ќе има на располагање приватен супермакет и приватен трговски центар во кој ќе можат на мир да купуваат сè што им е потребно. Исто така, во секое време Роналдо и семејството ќе имаат на располагање и три лични ресторани каде ќе можат да изберат сè што ќе посакаат да јадат.

Клубот исто така на Роналдо му обезбеди и олимписки базен иако во вилата во која ќе живее има базен.

Бидејќи Португалецот е голем работник и спортист кој секогаш се наоѓа во врвна форма, Ал Наср му овозможи максимални услови за тренирање. Во близина на неговата вила, на располагање ќе има два фудбалски терени, кошаркарски терен и две најсовремено опремени фитнес сали.

Додека трае уредувањето на вилата по негов вкус, Роналдо и семејството престојуваат во најлуксуниот хотел во Ријад каде изнајмување апартман за еден месец чини 280.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести