Роналдо за 25 минути во делириум го фрли цел стадион, даде два гола (Видео)

Кристијано Роналдо продолжува со голови во првенството на Саудиска Арабија. На гостувањето кај Дамак, Роналдо постигна два гола во првите 23 минути и буквално во транс ги фрли навивачите на трибините.

Постојано се скандира презимето на Роналдо, а Португалецот прави шоу на теренот. Првиот гол Роналдо го даде во 18 минута од пенал, што беше негов 825 погодок во кариерата.

https://twitter.com/i/status/1629509194985660416

Само пет минути подоцна, Роналдо по втор пат ја затресе мрежата на домаќините кога погоди со шут надвор од шеснаесетникот.

- Оглас -

Најнови вести