30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Роналдо за да добие телефонски број од девојка, продал „порше“, и тоа за половина цена

Род Торли, кој во минатото работел во Манчестер јунајтед, на медиумите им откри дека Кристијано Роналдо кога настапуваше за Црвените ѓаволи, од него барал да му пронајде телефонски броеви од девојки кои му се допаѓале.

На Португалецот му се допаднала пејачката Кимберли Вајат, која била дел од тогашната група Пусикет долс, и бил подготвен богато да го награди тој што ќе успее да го дознае нејзиниот телефонски број.

„Пред да замине во Реал Мадрид, Кристијано ме замоли да му го пронајдам бројот на Кимберли Вајат од Пусикет долс. Го прашав: Што ќе ми дадеш за возврат? Постојано ти наоѓам броеви на познати девојки, а за возврат не добивам ништо“, открива Торли.

Роналдо му рекол дека кога ќе потпише за Реал Мадрид, ќе го продаде луксузното „порше“, и тоа за половина цена само ако му го пронајде бројот на Кимберли Вајат.

„Имаше ‘порше кабриолет’ и ми рече дека ќе ми го продаде за половина цена кога ќе се пресели во Мадрид. Ми беа потребни само десет минути да го дознаам бројот на Кимберли и му го дадов на Роналдо. На крајот, тој си го одржа зборот и ми го продаде ‘поршето’ за 30.000 фунти. Јас следниот ден го продадов за 50.000 фунти“, рече Торли.

- Оглас -

Најнови вести