Роналдо за Надал: „Чест ми е што можам да те наречам пријател“

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, денес објави дека на крајот од тековнава сезона заминува во пензија. Голем број на спортисти и големи ѕвезди напишаа пораки, а еден од нив беше и Кристијано Роналдо.

„Рафа, каква неверојатна кариера имаше. Твојата посветеност, страст и неверојатниот талент беа инспирација за милиони во светот. Беше чест да се биде сведок на твојата кариера и што можам да те наречам пријател. Ти честитам за фантастичната кариера. Уживај во пензијата.“ – напиша Кристијано Роналдо.

Порака напиша и Тони Крос, кој летово замина во фудбалска пензија.

„Каков пример како играч, а што е уште поважно, како човек. Се гледаме наскоро Рафа.“ – напиша Крос.

Краток беше и Давид де Хеа, кој напиша: „Ти направи да го засакам тенисот“.

- Оглас -

Најнови вести