Нема ден да не се спомне името на Кристијано Роналдо во спортските медиуми низ светот, Португалецот се поврзува со трансфери во многу клубови, а самиот Роналдо се обрати преку „Инстаграм“, со најава дека наскоро ќе ја каже целата вистина.
„Во медиумите има многу лаги за мене. Во последните месеци запишував во тефтер, од 100 наслови, само пет беа точни. За неколку недели во интервју ќе ја кажам вистината“, најави Роналдо, кој уште е член на Манчестер јунајтед, но се зборува дека сака да си оди.
Откако сите клубови кои се спомнуваа како идни можни дестинации на Роналдо се откажаа од негово ангажирање, сега наводно во игра влегува и Борусија Дортмунд, а не е исклучено и враќање во Спортинг Лисабон.
Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите сака да игра во ЛШ. За две недели, до 31 август дефинитивно ќе се знае каде ќе игра Роналдо во сезоната 2022/2023.