Роналдо засега го чува Пирло од отказ (видео)

Кристијано Роналдо го отвори дербито меѓу Јувентус и Наполи со ефектен погодок во 13-тата минута. За Бјанконерите, а особено за Андреа Пирло е важно да се добие дуелот против екипата на Елиф Елмас со цел да го сочува своето работно место барем за наредниот период.

Кјеза проби по десната крилна позиција и успешно го проигра Роналдо, кој стоеше на околу 10 метри од голот и со шут од прва го најде патот до мрежата на Мерет. За него ова е 25-ти лигашки погодок со кој се приближува до наградата за најдобар стрелец во Серија А.

https://twitter.com/GarraSportsMx/status/1379842195239354374

Три минути пред голот на Роналдо за Јувентус стрелаше Ромелу Лукаку за предност од 1-0 на Интер против Сасуоло. Нераѕурите итаат кон 10-тата победа во низа и доколку ги освојат трите бода, ќе имаат +11 бода предност во однос на Милан на девет кола до крајот на италијанскиот шампионат.

https://twitter.com/geeenn88sgooal/status/1379843853138718732

- Оглас -

Најнови вести