Роналдо збесна и на почетокот на новата сезона во С. Арабија, Ал-Наср киксираше дома (Видео)

Кристијано Роналдо даде гол во првиот меч за Ал-Наср во новата сезона од првенството на Саудиска Арабија, но тоа не беше доволно за неговиот тим да победи на домашен терен. Иако беше голем фаворит Ал-Наср одигра само 1:1 против Ал-Раид.

Португалецот кој за неколку месеци ќе наполни 40 години, погоди со глава во 34 минута за водство на Ал-Наср и тоа по асистенција на Садио Мане. Сепак, гостите изненадувачки израмнија и тоа од пенал во 49 минута.

https://twitter.com/i/status/1826694219920277556

До крајот на дуелот, Ал-Наср се обидуваше да даде втор гол. Роналдо погоди во 76 минута, но радоста кратко траеше затоа што судиите го поништија поради офсајд.

Роналдо бурно реагираше поради поништениот гол, сметајќи дека немало офсајд. Освен поништениот гол, Роналдо реагираше и поради еден моемнт кога очекуваше домашниот тим да добие пенал, но арбитрите не мислеа така. По мечот, реагираше и тренерот на Ал-Наср, Луиш Кастро.

„Прво, голот на Роналдо беше регуларен. Потоа, не добивме пенал кој 100 отсто го имаше. Благо кажано, Роналдо е лут. Не е при себе“, рече тренерот на Ал-Наср.

Роналдо имаше испади и бирни реакции и за време на дуелот од Супер купот против Ал Хилал, кога со гестикулации покажуваше дека од играта на неговите соиграчи, „му се оди во тоалет“.

 

- Оглас -

Најнови вести