Роналдо збесна и почна да ги „рога“ противниците (Видео)

Манчестер јунајтед е во немоќ каков што не се памети на „Олд Трафорд“. По само 45 минути одиграни на „Олд Трафорд“, домаќините губат со 0:4 од најголемиот ривал Ливерпул.

Мохамед Салах даде два гола и испиша историја во Премиер лигата, а по еднаш прецизни беа и Кеита и Жота.

Во моментите на немоќ, Кристијано Роналдо прв покажа нервоза. се играше 45 минута кога Португалецот имаше шанса да постигне гол, но откако голманот Алисон го одбрани неговиот удар, топката стигна до Џонс. Роналдо во нервоза, со нога го удри противничкиот играч, а откако овој падна на земја, Португалецот уште еднаш силно ја шутна топката директно во телото на играчот на Ливерпул.

https://youtu.be/R90wZpoB4WA

Се случи мешаница, а судијата на крајот реши да му даде само жолт картон на Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести