26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Роналдо жали што си заминал од Реал Мадрид

Кристијано Роналдо ја игра втората сезона во дресот на Јувентус со надеж дека ќе го оствари предизвикот да ја освои Лигата на шампионите со најтрофејниот тим во Италија. Во дебитантската година, Роналдо беше прогласен за МВП на Серија А и стана шампион со Јувентус.

Сепак, според пишувањата на шпанските медиуми, Роналдо не е среќен во Италија. Кристијано девет сезони блескаше во дресот на Реал Мадрид, период во кој освои и пет Златни топки, а четири пати беше европски првак со Кралевите.

Ако се верува на шпанскиот весник АБЦ, Роналдо на неколку свои поранешни соиграчи се пожалил дека згрешил што си заминал од Мадрид и дека верува ако останел во дресот на Реал, ќе ја освоел Златната топка и во 2018 и во 2019 година.

Сепак, Кристијано реши да направи трансфер во Јувентус, а таму и нема таква неверојатна статистика како во Реал. Сезонава во 17 меча, Португалецот има постигнато само осум голови.

 

- Оглас -

Најнови вести