Роналдо: Знаев дека Бензема ќе дојде, затоа и реков дека саудиската лига ќе биде меѓу најсилните

Кристијано Роналдо имаше неуспешна прва сезона во Ал-Наср откако не успеа да освои ниту еден трофеј. Сепак, Португалецот не е разочаран и останува во клубот со кој сака да се радува на успеси. Тој истакна дека уште пред одреден период знаел дека Карим Бензема ќе дојде да игра во Саудиска Арабија.

„Бензема ми е пријател. Знаев дека ќе дојде во Саудиска Арабија и затоа реков дека ова фудбалско првенство во иднина ќе биде во Топ 5 најсилни во светот. Уште играчи ќе дојдат да играат тука“, рече Роналдо.

Зборувајќи за иднината, Роналдо најави дека би играл уште неколку сезони, а потоа сака да има свој фудбалски клуб.

„Би сакал да играм уште две-три години. Потоа сакам да имам свој фудбалски клуб“, открива Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести