Рондо со звукот на сирената го реши дербито на вечните (видео)

ЛА лејкерс го совлада тимот на Бостон селтикс со минимални 129:128 во дербито на вечерта во НБА-лигата. Гостите од Калифорнија дојдоа во „ТД Гарден“ да се надигруваат со една од водечките екипи од Истокот, а неизвесната средба ја реши токму поранешен играч на „келтите“, Реџон Рондо.

Бостон во последните шест минути влезе со +5 предност, но Леброн ја разбуди својата екипа со две врзани тројки. Успешната серија од линијата за три поени на „езерџиите“ ги одржуваше во игра до последните 13 секунди од мечот, иако домаќините го држеа резултатот. Гостите имаа напад за победа, а откако не се реализираше според планираното, Рондо ја собра топката во мешаницата и беше побрз од звукот на сирената за конечни 129:128 во корист на Лејкерс.

Одлична партија одигра и Џејмс, запиша трипл-дабл учинок од 28 поени, 12 скока и исто толку асистенции. Кузма со 25 поени беше  втор најфикасен во составот на Лук Волтон. За Селтикси се истакнаа Ирвинг со 24 поени и осум асистенции и Тејтум со двоен учинок од 22 поени и 10 скока.

https://www.youtube.com/watch?v=KBLFrC6-ZwU

Резултати НБА:

Бостон селтикс – ЛА лејкерс 128:129

Индијана пејсерс – ЛА клиперс 116:92

Орландо меџик – Минесота тимбервулвс 122:112

Атланта хокс – Торонто репторс 101:109

Оклахома сити тандер – Мемфис гризлис 117:95

Портланд трејлблејзерс – Сан Антонио спарс 127:118

- Оглас -

Најнови вести