Легендарниот снукер играч, Рони О’Саливен додаде уште еден трофеј во својата неверојатно богата колекција на успеси. Најуспешниот играч во овој спорт, се радуваше на трофејот на Сетскиот гранд при, откако во финалето со 10:7 го победи Џуд Трамп.
Двајцата најдобри снукер играчи на денешницата направија феноменално финале во Лестер, а на крајот О’Саливен покажа зошто е најдобриот на сите времиња. Трамп одлично започна и поведе со 4:0, а потоа имаше предност и од 6:3 и се чинеше дека оди кон освојување на трофејот.
Сепак, тогаш се „разбуди“ О’Саливен и присутните беа сведоци на фантастичен пресврт и на крајот победи со 10:7. О’Саливен освои четири од последните седум турнири на кои настапи. Победи на 30 од последните 33 меча, а има и низа од 14 триумфи по ред.
За оваа победа, легендарниот Англичанец заработи 115.000 евра. Ова беше негова 41 титула во кариерата.
„Имам големо искуство. Освоив многу трофеи и научив многу за оваа игра. Сега сум најкомплетен играч него било кога во мојата кариера“, задоволно коментираше О’Саливен по освојувањето на финалето.