Рони О’Саливен збесна, крвнички удри по топките и загуби фрејм (Видео)

Според многумина, Рони О’Саливен е најдобриот снукер играч во историјата на овој спорт. Публиката уживала во многу мајсторски потези на играчот кој ги освојувал најважните турнири.

О’Саливен моментално е дел од Отвореното првенство на Велс, а малку фалеше да биде елиминиран во првото коло. На дуелот против Рос Муира, фаворитот водеше со 3:2 во фрејмови, а се играше до четири добиени фрејма.

Во шестиот фрејм, О’Саливен се најде во многу незгодна ситуација откако Муира успеа да направи два одлични одбранбени удари, по што следуваа два „фаули“ на светскиот снукер играч број 1.

Судијата Луис Крац досуди „фаул и промашување“, што се суди кога играчот не ја „напаѓа“ целната топка и ако има барем една чиста топка која целосно ја гледа. По две промашувања, судијата предупредува дека ако го повтори и третпат, ќе ја загуби рамката.

О’Саливен не се согласуваше со судијката, па таа мораше да му објаснува која топка ја гледа како чиста за погодување. Тогаш О’Саливен збесна и силно ги удри топките, кои се распрскаа по масата, а од силината на ударот, дел од топките паднаа и од масата.

„Немав чист удар, морав да одиграм совршено, па затоа одиграв на ризик. Ја погодив розевата топка, а белата излета од масата. Тоа значи крај на фрејмот. Можеби требаше да упатам удар со 270 километри на час, а не со 200 км“, рече О’Саливен по мечот кој го доби со 4:3.

- Оглас -

Најнови вести