Ал-Наср синоќа го победи Ал-Шабаб со 4-0, а Кристијано Роналдо постигна два гола од пенал. Португалецот во 62-рата минута при резултат од 3-0 за неговата екипа можеше да дојде до хет-трик, но третиот пенал кој беше досуден за Ал-Наср одлучи да не го шутира, туку да му отстапи на соиграчот за и тој да се запише во листата на стрелците.
Сепак, Абдулрахман Гареб не успеа во обидот да резлизира и го утна пеналот. Ваквиот потег на Кристијано Роналдо наиде на воодушевување во светот на фудбалот бидејќи го сметаа за егоист, но овој потег покажа дека не е така и сите ги демантираше.
Cristiano Ronaldo allows Ghareb to take the penalty and he misses it #BBNaijaAllStars #BBNaija #snapchat #viralvideo Esther
Ceec #xvideo Efemoney— Mr Utility (@HolmesUtd) August 29, 2023