Рори Гафни беше асистент на еден гол во победата на Шемрок во Даблин против Шкупи со 3:1 и вели дека утре на реваншот во Скопје од 21 часот ќе го игра мечот на кариерата.
Напаѓачот на ирските детелинки пристигна во најпознатиот клуб во Република Ирска пред две години и за првпат во кариерата може да игра европско натпреварување во фаза по групи.
Ако Шемрок го елиминира Шкупи, ќе има загарантиран настап во Конференциската лига на УЕФА и патем ќе игра и во последната квалификацциска рунда за настап во Лигата на Европа.
https://twitter.com/ShamrockRovers/status/1556656549543698433?s=20&t=2LhBAUo3Fa3jqEdZ6B1k8g
Шемрок е првиот и единствен клуб во Република Ирска што играл во фаза по групи во Европа, а тоа се случи во 2011 година, но тогаш Гафни не беше член на 19-кратниот ирски првак туку играше за Лимерик.