10.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Росениор разочаран по ремито: „Шест минути, нѐ немаше шест минути“

Челзи одигра само 2-2 против Лидс на домашен терен, иако имаше водство од два гола сè до финишот од мечот. Тренерот на Сините, Лијам Росениор, не го криеше разочарувањето по мечот и рече дека воопшто не му се прави муабет за фудбал.

„Шест минути, нѐ немаше само шест минути. Имавме целосна контрола врз натпреварот. Не сакам да зборувам за фудбал. Ако сакаме да станеме посилни и да го постигнеме тоа што, според мене, можеме, мора да направиме сè што е можно за да бидеме концентрирани во текот на сите 90 минути. Тоа е сè. Скршен сум затоа што во одредени периоди игравме извонреден фудбал и требаше да ги освоиме трите бода. Но, поради два моменти тоа не се случи. Во натпревар што требаше да го добиеме, ние му подаривме бод на Лидс“, рече Росениор.

- Оглас -

Најнови вести