Легендарниот Валентино Роси изминатиот викенд во Валенсија ја извозе својата последна МотоГП трка во кариерата.
Популарниот „Доктор“ по 25 години поминати во професионалните води на две тркала, одлучи да стави крај на пребогатата кариера.
И покрај деветте шампионски титули и безбројните успеси, за него најважно е што уживал додека бил на моторот.
„Имав пребогата кариера, што ми е навистина мило. Но мене најважно ми беше да уживам додека возам мотор.
Ништо не може да се спореди со тоа чувство, а титулите дојдоа благодарение на тоа.
Мислев дека трката во Валенсија ќе биде кошмар бидејќи не сакав сето тоа да заврши, но на крајот се покажа спротивното.
Навистина уживав во неа и благодарен сум им на сите фанови и и целата организација од страна на раководните луѓе“, кажа легендата на мотоциклизмот.
Само еден ден по заминувањето во пензија, на Роси му беше доделена и титулата за МотоГП легенда.