Роси: Патеката во Остин е најтешка, но се подобрувам секоја година

Откако трката за Големата награда на Америка се одржува на патеката во Остин од 2013 година, само еден возач од Мото ГП бил победник. Тоа е актуелниот светски првак Марк Маркес, кој се искачил на највисокото место на подиумот во шест последователни години.

Колку што му е на Маркес оваа патека омилена, толку е малерозна за Валентино Роси. Деветкратниот светски шампион призна дека популарната „КОТА“ (Circuit of the Americas) му е најтешка патека за возење во кариерата. Минатата сезона заврши четврти, додека во два наврати застана на подиумот на второто, односно третото место.

„Јасно е дека патеката во Остин е можеби најтешката патека во Мото ГП, но во претходните неколку години не бев толку лош. Иако минатата сезона не стигнав на подиумот, таму бев во 2017 година. Тоа значи дека треба да продолжиме со напорната работа, па сега да се обидеме пак да завршиме на подиумот“, истакна Роси.

Третата трка во Мото ГП шампионатот стартува во петок, со слободниот тренинг, квалификациите се предвидени за во сабота, додека главното збиднување е закажано за во недела, со почеток од 21 часот по наше време.

 

- Оглас -

Најнови вести