Милан испрати абер до своите интернационалци, а ги има 12 што заминаа дома во услови на Коронавирус да се вратат во клубот до идниот четврток.
Меѓу нив е и Златан Ибрахимовиќ, а наредбата ќе мора да се почитува, бидејќи повеќекратниот италијански и европски првак очекува да почне со тренинзи на 4. мај, како и сите останати членови на Серија А.
Според најновиот план на Италијанците сезоната ќе продолжи на 27. мај, кога ќе се играат реванш мечевите од полуфиналето на купот.
И токму Милан е во игра за пехарот, а ќе мора да го изненади Јувентус во Торино, на 27. или 28. мај, откако првиот меч заврши нерешено, 1:1.
Во второто полуфинале реванш треба да играат Наполи и Интер, а во предност се наполитанците по триумфот на гости со 1:0.