Росонерите се интересираат за клучен играч на Лион

Милан тргна по потписот на Мемфис Депај, офанзивецот на Олимпик Лион. Холанѓанецот моментално закрепнува од тешка повреда со која се здоби кон крајот на 2019 година, а не ја исклучува можноста да ја смени средината во следниот преоден рок.

Една од причините што Депај сака да ги напушти Лавовите е поради што клубот остана без учество во европските натпреварувања по прекинатата сезона во Лига 1. Иако во Милан нема да напредне во натпреварувачко ниво бидејќи и седумкратниот европски првак е во слична ситуација, Депај попрво ќе се одлучи да заигра во Серија А, отколку да потпише нов договор со Лион.

Наводно од Милан се подготвени да понудат 20 милиони евра за Депај, сосема прифатлива сума, а Лион најверојатно ќе прифати ако се знае дека во јуни 2021 година Депај станува слободен играч по истекувањето на соработката.

Депај иако имаше катастрофална авантура во Манчестер јунајтед, од јануари 2017 година блеска за францускиот прволигаш – на вкупно 134 меча реализира 53 гола и 43 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести