Росонерите се шокираа од барањата на Рамос

Серхио Рамос од 1 јули ќе биде слободен играч откако вчера се потврди неговата разделба со Реал Мадрид по цели 16 години. Прв клуб кој се обиде да започне преговори со искусниот шпански стопер е Милан, но управата на Росонерите се шокира од барањата на Рамос.

Имено, 35-годишниот Рамос бара двегодишен договор со 15 милиони евра плата по сезона, но и бонус од 20 милиони евра при потпис на договорот. Овие суми ја затворија вратата на Рамос за евентуален трансфер на „Сан Сиро“, особено што Милан не сака да издвојува толку пари за играч на кој нема да му се гарантира место во почетниот тим.

Пред неколку дена Росонерите го комплетираа трансферот на Фикајо Томори од Челзи за 28,5 милиони евра, откако англискиот стопер минатата полусезона ја мина на позајмица и импресионираше со своите партии. Токму затоа е нелогично за Милан да се троши и за Рамос, кој е веќе во своите ветерански години и сè почесто се повредува.

- Оглас -

Најнови вести