Розенборг – Хаугесунд (18 часот)
Најтрофејната екипа во Норвешка имаше лош старт на новата сезона, па моментно Розенборг е претпоследен по 7 кола, само со шест бода и една победа.
Имаше доста промени во составот и ќе треба време работите да се вкомпонираат кај 26-кратниот норвешки првак.
Хаугесунд почна одлично, но сега е во серија од три меча без триумф, па ќе се обиде да го изненади фаворитот.
Розенборг е марка во норвешкиот фудбал, па тешко дека и фудбалерите и навивачите, секако, и раководството на клубот дека ќе се помират со лошата позиција на табелата. Од Розенборг се очекува битка за врвот, а разликата со Молде веќе е 13 бодови само по 7 кола.
Предлог тип: Т1 1+I& Т1 2+ (2.65) Квота на денот
Андерлехт – Генк (20.30 часот)
Андерлехт има многу проблеми сезонава, а капак на сè беше дивеењето на навивачите на дуелот со Стандард. Тоа веројатно ќе го чини неиграње во Европа следната сесзона, бидејќи шансите да се стигне токму тимот од Лиеж се минимални.
Генк е во позиција да ја освои титулата во Белгија, а за тоа му требаат четири бода на последните два меча. Клучот се чини дека е на „Констант ван ден Шток“ вечерва.
Ако Генк победи, го чека Стандард Лиеж во последното коло на прослава на титулата. За лидерот во Белгија охрабрувачки делува и податокот дека го победи Андерлехт на последните пет меѓусебни дуели. И вечерва се фаворити и ќе се обидат да ја искористат лошата атмосфера во таборот на 34-кратниот белгиски шампион и со победа да зачекорат кон четвртата титула.
Предлог тип: Х2&2-4 гола (2.05) Квота на денот
Стандард – Бриж (20.30 часот)
На Стандард му фали една победа за да биде сигурен учесник во дополнителниот бараж за настап во Лигата на Европа, а, во најдобар случај, и за да остане во трка за третото место со Антверпен кое води директно во Европа.
Но, тимот од Лиеж не игра добро во последно време. Со четири порази по ред, моментно е во најлоша форма од сите екипи што играат во плејофот за титулата во белгискиот шампионат.
И што е полошо, на гости вечерва им доаѓа Бриж, кој се бори за титулата и има три победи во серија. Ова е едно од трите големи дербија во Белгија во триаголникот Андерлехт-Бриж-Стандард, па нема да има калкулации.
На двете екипи вечерва им одговара само победа, но Бриж во моментов е поквалитетен состав и е во многу подобра форма.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.10) Квота на денот
Антверпен – Гент (20.30 часот)
Антверпен ќе оди на победа против гостинот од Гент, кој нема шанси да игра во европските купови. Гент ја утна работата со поразот во финалето на Белгискиот куп од Мехелен, па сега ќе игра само за престиж.
Домаќините бијат битка за да го задржат третото место на табелата, а како што стојат работите, тие се најголеми кандидати да настапат во Лигата на Европаа, со оглед на лошата форма на Стандард и Андерлехт и предноста во бодови што ја има Антверпен на две кола до крајот.
Гент има само една победа во доигрувањето, се наоѓа на последното место во конкуренција на шестте најдобри екипи и речиси без мотиви ќе му гостува на Антверпен.
Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.75)
Портсмут – Сандерленд (20.45 часот)
Ова е интересна битка на два поранешни премиерлигаши кои сега бијат битка за финале на „Вембли“ против подобриот од двомечот Чарлтон – Донкастер. Целта, секако, е пласман во Шампионат лигата, а предност по првиот меч има Сандерленд, и тоа од 1:0.
Но популарните Црни мачки му гостуваат на многу добриот домаќин Портсмут. Помпеј има само три порази на свој терен во последните 7 месеци, а никогаш не загубил од Сандерленд.
Двете екипи имаат и титули во Англија во некои дамнешни времиња, а, секако, главната цел им е и Шампионат лигата да им биде попатна станица кон камбек во Премиер лигата. Но, една од овие две екипи ќе испадне вечерва, а типуваме дека Портсмут ќе продолжи понатаму.
Предлог тип: 1 (2.42) Супер тип на Sport Life