Норвешките и белоруските шампиони сигурно ќе победат, Асвел не утка зицери во мајсторките во Франција

2501 Хаугесунд – Викинг (Норвешка Прва лига, 16 часот)

Со два порази по ред Викинг го загуби ритамот во битката за врвот на табелата, но сега има убава шанса да се врати во игра со победа против скромниот тим на Хаугесунд.

Викинг има 21 бод на третото место и ако сака да се бори за титулата ќе мора да победува на вакви мечеви.

Хаугесунд е во слаба форма и нема победа на четири меча по ред што го одведе во опасната зона за испаѓање.

Тие веројатно ќе бидат задоволни и со реми, но Викинг и покрај падот на формата е фаворит и типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

2502 Розенборг – Кристијансунд (Норвешка Прва лига, 18 часот)

Реткост во европските лиги е ситуацијата на Розенборг, клуб рекордер со 26 шампионски круни и единствен со двоцифрен број на титули во својата земја.

Разликата со вториот Фрердикштад е дури 17 титули, но се чини дека разликата нема да се зголеми, бидејќи Розенборг сезонава игра изненадувачки скромно.

Има само 14 бода по 10 кола и заостанува дури за 13 бода зад лидерот Лилестром.

Розенборг е и вториот тим со најмногу нерешени дуели, пет, зад Тромсо со шест, што е една од причините за моментниот пласман на осмата позиција.

Амбициите се многу поголеми, секако Розенборг ќе сака да игра во Европа, а денеска има зицер за победа против фенерџијата Кристијансунд.

Гостите досега одиграа 8 натпревари во новиот шампионат на Норвешка и освоија само еден бод, со реми и 7 порази.

Патем му немаат дадено гол на Розенборг како гости на последните три меча, па ги чека нов пораз.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.66)

 

3532 Солигорск – Торпедо Жодино (Белорусија Прва лига, 18 часот)

Шахтар Солигорск со три титули е третиот најтрофеен клуб во Белорусија, а мометно е и двоен првак едноподруго.

Преклани ја прекинаа неверојатната серија од 13 шампионски круни на БАТЕ Борисов, а потоа и ја одбранија титулата.

Сега пак се кандидати за пехарот и за хет-трик, иако моментно по 11 кола се четвртопласирани со 21 бод, зад лидерот Енергетик со 25, БАТЕ со 23 и Динамо Минск со 22 бода.

Торпедо се бори за опстанок и е трет одоздола на табелата со само 11 бода. Гостите ќе се обидат со дефанзива да се одбранат и да изненадат против фаворитот, но Солигорск има многу подобар тим и ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

3533 Неман – БАТЕ Борисов (Белорусија Прва лига, 20 часот)

БАТЕ Борисов е апсолутно доминантен клуб во Белорусија во овој милениум со 14 титули од 2002 година и рекордер со 15 шампионски круни, од кои првата е освоена во 1998 година.

За каква доминација станува збор доволно говори податокот дека од 2006 до 2018 година, или 13 пати по ред беа шампиони, што е серија за респект.

Неман иако е постар клуб нема ни оддалеку такви успеси и само еднаш во 2002 година беше конкурент за титулата, но заврши на второто место, токму зад денешниот ривал.

И сега БАТЕ има многу посилен состав и типуваме дека ќе ги освои бодовите во Гродно.

Предлог тип: 2 (1.76)

 

8081 Асвел – Монако (Франција, Кошарка финале, 20.30 часот)

Монако прокоцка златна шанса за историска прва титула во Франција и го загуби четвртиот меч на домашен терен со 68:85 од Асвел.

Наместо спектакл во Малото кнежевство се случи дебакл и 20-кратниот шампион израмни на 2:2 и сега е домаќин на мајсторката.

Асвел е фаворит, рекордерот во Франција има за нијанса подобра тимска композиција, а ќе мора особено да внимава на извонредниот Мајк Џејмс.

Американецот им даде 34 поени, или половината од вкупно 68 на Монако во четвртиот меч и тој е главна закана за амбициите на Асвел да ја освои 21-та титула во Франција.

Домашниот терен многу значи во вакви мечеви и наш тип е дека Асвел нема да пропушти голема шанса со победа во последниот меч од финалето и да освои нова шампионска круна.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

 

- Оглас -

Најнови вести