„Розевиот“ Динамо Загреб со рутинска победа и во Казахстан, сега доаѓа тешкото

Хрватскиот првак Динамо Загреб без проблеми ја елиминираше Астана, денеска Стефан Ристовски и другарите победија во Казахстан со 2-0 (првиот меч 4-0), и одат во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите, каде ќе играат против грчкиот шампион АЕК.

Динамо во најлош случај ќе игра во групите од Конференциската лига, што значи дека си обезбедија шеста европска есен по ред, но целта е пласман во групите од Лигата на шампионите или барем Лига Европа.

Денешниот меч беше историски за Динамо, популарните Модри за првпат во нивната историја играа во розево-портокалови дресови. Ристовски го одигра целиот меч.

- Оглас -

Најнови вести