12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Рубен Аморим добил максимална поддршка од фудбалерите пред раководството на Јунајтед

По секој неуспех на Манчестер јунајтед се појавуваат шпекулации за смена на Рубен Аморим, а притисокот кон Португалецот се зголеми по објавените информации дека дел од фудбалерите на Црвените ѓаволи веќе ја изгубиле довербата во тактиката на тренерот.

Од таа причина бил организиран состанок помеѓу раководството на клубот и фудбалерите, на кој се разговарало за состојбата, резултатите, но и за тренерот. Информациите до кои дошле од „ESPN“ говорат дека Рубен Аморим добил максимална поддршка од фудбалерите, кои истакнале дека му веруваат на Португалецот и не сакаат тој да биде сменет.

Сепак, дел од шпекуациите тврдат дека раководството на Манчестер јунајтед не планира да му врачи отказ на Рубен Аморим поради високото обесштетување кое треба да му го исплати доколку го отпушти во текот на првата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести