Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, е заинтересиран за крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, објави „Ел Насионал“. Младиот шпански репрезентативец се смета за потенцијална замена за Маркус Рашфорд, кој според информациите, ќе биде продаден во јануарскиот трансфер период.
Црвените ѓаволи имаат голема конкуренција во трката за Нико Вилијамс. За него од поодамна е заинтересирана Барселона, а и Луис Енрике сака да го има во тимот на Пари Сен Жермен.
Договорот на Нико Вилијамс со Атлетик Билбао содржи ослободителна клаузула во вредност од 58 милиони евра.
Оваа сезона, крилниот напаѓач има одиграно 22 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и забележувајќи пет асистенции.
Неговиот актуелен договор со Атлетик Билбао важи до летото 2027 година.