Манчестер јунајтед планира да биде активен на трансфер-пазарот во јануарскиот преоден рок, а Рубен Аморим на својот список со желби има дури осуммина фудбалери.
Приоритет за Црвените ѓаволи е позицијата дефанзивен играч за врска, а на списокот на Португалецот се најдоа следниве фудбалери: Конор Галагер (Атлетико Мадрид), Карлос Балеба (Брајтон), Елиот Андерсон (Нотингем форест), Адам Вартон (Кристал палас), Тајлер Адамс (Борнмут), Ангело Стилер (Штутгарт), Рубен Невеш (Ал-Хилал) и Жоао Гомес (Вулверхемптон).
Планот на Рубен Аморим е да купува фудбалери кои веднаш би можеле да се вклопат во екипата и да играат на високо ниво, без да им биде потребно време за аклиматизација.

