Менаџерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, изразил желба да го донесе Виктор Ѓокереш на „Олд Трафорд“ уште во јануари, пренесуваат британските медиуми.
Шведскиот напаѓач на Спортинг веќе беше поврзуван со трансфер кај Црвените ѓаволи веднаш штом Аморим ја презеде менаџерската позиција. Сепак, изгледа дека Португалецот нема намера да чека до летото и инсистира на итен трансфер.
Почетокот на Аморим во Манчестер јунајтед е тежок, што го натера на план за сериозни промени во тимот. Се очекува клубот да се раздели со неколкумина играчи, вклучувајќи ги Маркус Рашфорд, Џошуа Зиркзе и Антони, за да може финансиски да го обезбеди Ѓокереш.
Ѓокереш дојде во Спортинг од Ковентри во 2023 година и досега одигра 49 натпревари, постигнувајќи неверојатни 47 гола. Со ваква форма тој привлече интерес и од други големи клубови, но очигледно Аморим сака да го повтори успешното партнерство со него во Јунајтед.
Трансферот на Ѓокереш би можело да биде значаен чекор за подобрување на офанзивниот потенцијал на Манчестер јунајтед, додека истовремено би ја потврдил посветеноста на Рубен Аморим за реконструкција на тимот.