35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Рубен Аморим од гнев го скршил телевизорот во соблекувалната на Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, предизвикал инцидент во соблекувалната на тимот откако во напад на гнев го скршил телевизорот.

Како што пренесува „Атлетик“, Аморим изгубил контрола додека остро ги критикувал играчите по поразот од 1-3 против Брајтон. За време на бурната реакција, тој го оштетил големиот монитор што се користи за тактички анализи пред натпреварите.

Мониторот сега ќе мора да се испрати на поправка, а изворите велат дека ваква постапка е невообичаена за Аморим. Португалскиот тренер обично е смирен по натпреварите и ја анализира ситуацијата со ладна глава следниот ден.

- Оглас -

Најнови вести