Рубен Аморим: „Ова е Манчестер јунајтед, многу фудбалери сакаат да дојдат кај нас“

Манчестер јунајтед игра катастрофална сезона во Премиер лигата, но и покрај тоа, успеа да дојде до полуфиналето на Лигата на Европа и доколку успее да дојде до трофејот, следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим, најавува дека клубот налето ќе биде активен на трансфер-пазарот.

„Ова е Манчестер јунајтед. Чувствувам дека има многу фудбалери кои сакаат да играат за нашиот клуб. Знам дека ако го погледнете нашиот клуб во моментов, со сите проблеми кои ги имаме, со промената на тренерот, резултатите изгледаат како навистина мал проблем. Сепак, ние имаме јасна идеја и тоа е најлесниот дел што може да му го објасниме на еден фудбалер. Станува збор за Манчестер јунајтед, сите сакаат да играат за Манчестер јунајтед“, вели Аморим.

Португалескиот тренер, за разлика од претходно, сега вели дека никој не е отпишан, па вратата за Маркус Рашфорд за враќање на „Олд Трафорд“ е подотворена.

„Сè може да се случи. Каземиро е најголем пример за тоа. Тој воопшто не играше, но гледате дека на последните натпревари има своја улога во екипата и се претставува во добро светло. Не сум од оние тренери кои не сакаат да го променат своето мислење. Сакам да победувам и да ги имам најдобрите фудбалери во екипата“, додава Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести