2.8 C
Skopje
среда, 17 декември 2025

Рубен Аморим сака да купи двајца фудбалери од екипата која им даде четири гола?!

Мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Борнмут сè уште е во центарот на вниманието на Островот, но сега од една друга перспектива. Тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим, сака да ангажира дури двајца фудбалери од Борнмут, и тоа одеднаш.

Ситуацијата е несекојдневна, но британските медиуми го отценуваат овој потег како забрзана адаптација бидејќи двацата играле заедно и полесно ќе се прилагодат на новата средина.

Се работи за 22-годишниот фудбалер од средниот ред, Алекс Скот, како и за капитенот на репрезентацијата на САД, Тајлер Адамс.

Двајцата имаат договори до 2028 година. Вредноста на Скот се проценува на 30 милиони евра, додека на Адамс на 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести