Раководството на Манчестер јунајтед веќе крои планови за јануарскиот преоден-рок, а главната цел ќе биде насочена кон продажбата на Каземиро или на продолжување на неговиот договор.
Бразилецот е најплатениот фудбалер во редовите на „црвените ѓаволи“ и не прифаќа нов договор со помала плата, па Манчестер јунајтед ќе се обиде да го продаде уште зимава за да обезбеди средства за нови засилувања, но и да направи простор во буџетот за плати.
Најголема желба за местото дефанзивен фудбалер од средниот ред е Орелијан Чуамени од Реал Мадрид, а двете раководства веќе ги оствариле првичните контакти. „Кралевите“ сакаат да добијат 100 милиони евра за својот фудбалер, а Манчестер јунајтед би платил само ако се ослободи од Каземиро.

