Рубијалес слета во Мадрид и веднаш беше приведен и пренесен во суд

Пристигнувањето на Луис Рубијалес во Шпанија од Доминиканската Република, каде што беше по скандалите со кои заврши неговото време на чело на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), предизвика голем интерес во шпанската јавност, аеродромот во Мадрид е преполн со новинари и сниматели.

Кога излезе од авионот, Рубијалес беше пречекан од агенти на Цивилната гарда и тие со полициско комбе го пренесоа во суд, каде што треба да даде изјава.

Поранешниот претседател на Федерацијата е под истрага од судот за кривични дела како перење пари, деловна корупција, неправедна администрација и членство во криминална организација.

Негативната кампања против Рубијалес почна кога тој ја бакна во уста фудбалерката Џени Ермосо при честитањето на светската титула во женска конкуренција.

https://twitter.com/i/status/1775467733246726269

- Оглас -

Најнови вести