Рубијалес во следните 18 месеци на дневно ниво ќе плаќа парична глоба, но се спаси од одење во затвор

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес, е осуден на 18 месеци парична казна поради сексуален напад, откако ненадејно и без дозвола ја бакна фудбалерката Џенифер Хермосо.

Инцидентот се случи за време на доделувањето на медалите на Светското фудбалско првенство во Сиднеј, во август 2023 година. Судот одлучи дека Луис Рубијалес во следните 18 месеци секој ден ќе мора да исплаќа по 20 евра и на крајот вкупната парична казна ќе му биде 10.800 евра.

Освен тоа, Рубијалес добил и забрана да се приближува до Хермосо во близина од 200 метри во следните 12 месеци.

Некогашниот претседател на Шпанската федерација може да биде задоволен од оваа казна затоа што избегна одење во затвор. Обвинителството бараше две и пол години затвор за Рубијалес. Претходно и ФИФА го суспендира Рубијалес на три години бидејќи направи дисциплински прекршок. Инаку, Шпанија на Светското првенство пред една и пол година го освои златниот медал.

- Оглас -

Најнови вести